Тим од познатиот MIT, поточно нивната лабораторија за компјутерски науки и вештачка интелигенција (CSAIL), разви интересен метод преку којшто ќе може да научиме друг јазик, односно понатаму и други работи како математика и слично, додека чекаме да се поврземе на Wi-Fi, на пример.

Методот е направен да го искористи времето на чекање кое во денешно време повеќето го имаме во ситуации како чекање на лифт, да добиеме некоја порака, да се отвори одредена веб страна, да се поврземе на Wi-Fi и слично.

Тие истакнуваат дека во денешно време на хиперактивност, сепак ги имаме наведените ситуации кога чекаме и ништо конкретно не правиме. Иако се работи за секунди, евентуално минута време, тие сметаат дека овој временски простор може да биде ефикасно искористен за учење на вештини.

За таа цел тие имаат развиено 5 апликации кои го овозможуваат овој метод да функционира. Па така, една од апликациите се вклучува додека компјутерот се поврзува на Wi-Fi, друга додека чекаме да ни стигне порака на чет апликација…

За краткото време додека чекаме некоја од работите, апликациите од MIT ни прикажуваат еден збор којшто треба да го преведеме на јазикот којшто го учиме. Ова е активност која трае неколку секунди, а со оглед на фактот што се појавува врз другата апликација што ја користиме, нема потреба од прекинување на таа активност.

Од тимот истакнуваат дека се покажало дека луѓето многу поефикасно учат на овој начин, наместо користењето на специјалните апликации кои посебно треба да се отворат и користат.

Исто така, ова време обично корисниците знаат да го користат за отворање на друштвените мрежи, па на овој начин тие остануваат повеќе сконцентрирани на моменталната активност, поради тргање на познатиот ефект кои го имаат друштвените мрежи на ефикасноста.

На кратко објаснет методот директно од тимот можете да го видите и преку следното видео.

Извор: MIT, Engadget

  • ОЗНАКИ
  • MIT
Претходна статијаБил Гејтс со совети до денешните студенти преку Twitter
Следна статијаOukitel K10000 е достапен смартфон со масивна батерија од 10.000 mAh
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.