Кинескиот гигант ќе има прилично голем настап на Mobile World Congress во Барселона. Покрај Huawei P10 и P10 Plus смартфоните од високата класа, нивниот извршен директор Ричард Ју преку Weibo најави дека тие ќе претстават и нов паметен часовник наречен Huawei Watch 2.0.

Ова е и очекувано, бидејќи Google го најави новиот Android Wear 2.0 и може да бидеме сигурни дека покрај Huawei, на MWC неколку други производители ќе ги претстават своите паметни часовници. Сепак, останатите информации за паметниот часовник на Huawei се прилично сиромашни, иако можеме да претпоставиме неколку од неговите карактеристики.

Прво, логично е Huawei повторно да вгради циркуларен дисплеј во предниот дел, што е заштитен знак на скоро сите понови Android Wear часовници. Потоа, првата реклама за уредот е со мотото “made for free spirits” што значи дека часовникот ќе има многу фитнес можности. Според тоа, очекувајте водоотпорност дури и при пливање, како и плејада на сензори кои ќе овозможат подобро мерење на активностите.

Исто така, има најава дека Huawei Watch 2.0 ќе биде достапен и како верзија со eSIM картичка, која константно ќе биде поврзана на интернет мрежата, што значи дека самиот часовник и нема да мора да биде поврзан со смартфон за да може да функционира. Android Wear 2.0 има и одлична поддршка за паметни часовници со вакви можности па скоро сум сигурен дека Huawei ќе лансира и ваков модел.

Како и да е, сите информации ќе ги дознаеме многу наскоро – MWC во Барселона почнува за помалку од две недели.

Извор: Ubergizmo, Trusted Review, Phone Arena

Претходна статијаXiaomi ќе лансира свој “Pinecone” чип за смартфоните
Следна статијаIntel Xeon E7-8894 v4 е ултра моќен процесор со 24 јадра на 3,4 GHz, кој чини 9.000 долари