Converted_file_d65aeb11

Kinect на Microsoft веќе ни е познат. Тој е систем кој овозможува следење на целото тело, што пак потоа може да се искористи за играње игри или пак за контролирање на акции на компјутер. Следењето на цело тело е навистина импресивно достигнување на денешната технологија, но следење на посебни и разновидни делови од телото како рацете е уште поимпресивно.

Microsoft со својот најнов проект наречен Handpose работи токму на тоа – прецизно следење на рачните движења. Тие се надеваат дека со ваквиот развиток ќе постигнат многу поголема интеракција меѓу корисниците и нивните уреди. Според демонстрацијата која ја пружи истражувачот од тимот на Microsoft (можете да ја погледнете на видеото доле), јасно е дека управувањето е налик филмот „Малцински извештај“ каде корисничкото опкружување беше управувано токму со такви потези на рацете.

Ваквата технологија ќе може да се искористи и за подобрување на корисничкото искуство во игрите, овозможувајќи разни виртуелни објекти (како оружје или алатки) да се командуваат директно со рацете место да се користи тастатура, глушец, џојстик или целото тело.

Дополнително, ваквата технологија во иднина може да овозможи директна комуникација со вештачката интелигенција и нејзино директно препознавање на нашите гестови, место толкување од други, понеквалитетни извори на информации.

Потенцијалот е голем и токму затоа инженерите на Microsoft веруваат дека ваквите уреди имаат иднина.

Извор: Windows Central, Slash Gear, Venture Beat

Претходна статијаКако да го вклучите новиот проѕирен плеер на YouTube
Следна статијаНатпревар за најдобро бизнис М2М решение во доменот на „Интернет на нештата“