Скопје, 09.02.2021 – Wizz Air, најбрзорастечката и најзелената авиокомпанија во Европа, објави дека нејзиниот зимски распоред за 2021 (Октомври 2021 – Март 2022) од двата аеродроми (Скопје и Охрид) е сега достапен на wizzair.com и на мобилната апликација со цени почнувајќи од 1.199 МКД/19.99 EUR*. Wizz Air сега нуди голем избор на ниско-буџетни рути до едни од најатрактивните држави и градови низ Европа.

Во првите две недели од објавата, новиот зимски распоред ќе биде достапен само за членовите на WIZZ Discount Club,  а после овој период сите патници кои ги планираат своите одмори за престојната сезона можат да одберат од рутите достапни за Северна Македонија, вклучувајќи ги Париз, Барселона, Милано, Берлин или Лондон. Зимски распуст, одмор или патување за Божиќ, мрежата на Wizz Air од Северна Македонија нуди многу можности.

Покрај можноста за прилагодување на патувањето, Wizz Air им нуди на патниците и опција за голема флексибилност преку услугата WIZZ Flex. Со додавање на оваа услуга во резервацијата, патниците имаат дополнителна заштита. Така, тие можат да изберат да патуваат на различен датум или на друга дестинација, како и можност да го откажат летот до 3 часа пред поаѓање без никаков надомест и да добијат 100% од целата сума веднаш како Wizz кредити.

Andras Rado, Менаџер за корпоративни комуникации во Wizz Air, изјави: „Среќни сме што го објавивме зимскиот распоред од Северна Македонија, нудејќи голем број на патнички дестинации за сите вкусови, за деловно патување или едноставно за одмор. Без разлика дали некој сака да резервира семеен одмор до скијачките центри, или да оди на прошетка низ популарните градови во Европа, па дури и да посети некои сончеви места со прекрасни плажи, сигурно ќе има дестинација во богатата мрежа на Виз ер. Остануваме посветени на македонците да им понудиме безбедно и незаборавно искуство во патувањето низ цела Европа и пошироко, на нашата модерна флота во друштво на нашиот високо квалификуван екипаж .

Претходна статијаMicrosoft официјално го претстави своето решение за синхронизација и пополнување на лозинки на сите платформи
Следна статијаПлаќајте во движење со Garmin Pay