Компанијата „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи дека отсега може да нарачуваат и купуваат екстра лесно масло за домаќинство EL-1 преку онлајн платформата на компанијата достапна на следниот линк. Плаќањето на нарачаните количини екстра лесно масло за домаќинство EL-1 се врши онлајн, а доставата е директно на адресата што ја навел потрошувачот.

Покрај онлајн нарачките и уплатата, „Макпетрол“ од 17 октомври започна и со физички прием и достава на документација за екстра лесно масло за домаќинство EL-1, секој работен ден од 08:30 до 15:00 часот. Продажбата оваа година се врши преку складовите на „Макпетрол“ АД. Детални информации околу уплатата и испораката на екстра лесното масло за домаќинство според местото на живеење потрошувачите можат да најдат на следниот линк.

Претходна статијаНеофицијални слики го прикажуваат редизајнираниот iPhone SE кој треба да биде претставен идната година
Следна статијаАндреја Јосифовски доби престижна награда за животно дело за развој на претприемништвото во средна и југоисточна Европа