Пазарот на паметни телевизори, односно телевизори генерално, не може да се каже дека му фалат уште играчи. Тоа го прави овој пазар прилично тежок за пробивање, меѓутоа ако некој може некако да успее, сигурно OnePlus е една од таквите компании.

OnePlus се познати по своите смартфони кои имаат одличен дизајн, одлични карактеристики и перформанси, а сето тоа за пониска цена од конкуренцијата. Оваа компанија има своја поголема база на фанови, па ете сега сакаат да се обидат да го прошират своето присуство и на други пазари.

OnePlus TV е името на најавениот производ, а го најави лично основачот на компанијата, Пит Лау. Тој сепак во оваа фаза од развојот на производот не дава повеќе информации за тоа што може да се очекува.

Она што може да го заклучиме од неговите изјави е дека можеме да го очекуваме истиот одлично дизајниран премиум производ како што е случајот со мобилните телефони од компанијата. Исто така, тој најавува дека во OnePlus TV голема улога ќе имаат вештачката интелигенција која треба да овозможи многу поголемо искуство во домот од само гледање на омилените филмови и серии.

Може да се замисли дека Лау планира да ги замени до некаде паметните звучници кои се актуелни изминатите години. Наместо во звучник, тој планира домашната забава, но и други работи поврзани со домот, да ги направи во едно централно место, телевизорот.

ИЗВОРOnePlus
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаGalaxy S10 ќе дојде со „многу значајни“ промени во дизајнот
Следна статијаНовиот Galaxy A7 пристигнува со камера со 3 објективи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.