Microsoft

Иако Surface линијата на производи од Microsoft е една од најпознатите и најуспешните, сепак нејзиниот почеток не беше баш успешен. Surface линијата стана успешна по претставување на Pro верзиите, а може слободно да се каже дека направија вистинско влијание на пазарот кое дури и Apple мораше да го следи.

Microsoft изгледа пак ќе се обиде на пазарот на таблет компјутери, откако го направи својот успех на пазарот којшто самите го креираа со хибридни уреди.

Според информации од Bloomberg, Microsoft сака да претстави помал Surface таблет компјутер којшто ќе му конкурира на iPad, како со форматот, така и со цената. Таа треба да изнесува околу 400 долари, што во споредба со моментално најевтиниот Surface Pro е скоро дупло пониска.

Информациите доаѓаат од извори на медиумот кои сакаат да останат анонимни. Според нив Surface таблетот би имал 10 инчен екран и батерија која сепак ќе трае околу 4 саати помалку од таа на Pro моделите.

Друго што се најавува како промена е дизајнот на таблетот кој наводно ќе биде направен повеќе во стилот на iPad. Тоа значи дека карактеристичниот дизајн на Surface Pro ќе биде заменет со заоблени алги на уредот, нешто што е карактеристично за iPad.

Surface таблетот би работел на некој Intel процесор, како и на Windows 10 Pro. За него ќе бидат изработени посебни верзии од додатната тастатура, како и пенкалцето.

Со оглед на фактот што Microsoft никогаш не успеа да ја разработи и популаризира Windows Store, а тоа сметам дека е и една од главните причини за неуспехот на Windows 10 Mobile, не верувам дека таблет со овој оперативен систем би можел да му конкурира на iPad.

Сепак, уред со таа големина е наменет да се користи во главно како таблет компјутер, односно не би можел да помине баш како хибриден уред како Pro верзиите, па достапноста на апликации е клучна за корисниците да сакаат да го користат. Windows Store има прилично слаб избор на апликации кои ретко се квалитетни, а тие што се, не се надградуваат често како што е случајот со нивните iOS и Android верзии.

Ќе видиме сепак дали оваа информација е точна и каков уред ќе претстави Microsoft. Најавите се дека тоа би се случило во втората половина од оваа година.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Bloomberg
Претходна статијаOnePlus го претстави OnePlus 6 – ќе биде достапен во продажба од 22 мај
Следна статијаОбидувајќи се да спречи, Сигнал наиде на „цензура“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.