Фото: XDA Developers

Знаеме за неговиот развој веќе неколку години, а очекувањата се зголемија по зголемувањето на можноста Huawei да го изгуби пристапот до Google апликациите и сервисите на Android. HarmonyOS е долгоочекуваната алтернатива на Huawei за Android, па и повеќе од тоа.

Овој нов оперативен систем Huawei го претстави официјално минатата недела. Тој според тоа што се најавува треба да функционира побрзо со Android, а тоа се должи на новиот начин на функционирање на „кернелот“, нешто што и од Google го развиваат во нивниот нов Fuchsia OS.

HarmonyOS е оперативен систем којшто не е тука да го замени само Android. Тој е целосно решение за сите уреди со кои работата Huawei, односно е замислен да може да работи покрај на смартфони, на останатите паметни уреди, па дури и на персоналните компјутери.

Сега за сега HarmonyOS не е прикажан на смартфон и од Huawei најавија дека тие остануваат на Android, а новиот систем ќе се користи кај паметните уреди.

Како што се очекуваше, Huawei претстави два паметни телевизори кои работат и се првите производи на HarmonyOS.

Honor Vison и Honor Vison Pro се паметни телевизори кои ќе прикажат каков е и што може да понуди новиот оперативен од компанијата. Овие телевизори ќе бидат достапни само на кинескиот пазар, а таква беше и најавата од компанијата за HarmonyOS производите.

Со овие телевизори корисниците покрај тоа што ќе може да гледаат телевизија, ќе може да ги користат и како еден вид на платформа за поврзување на нивните паметни телефони и слично.

Pro моделот ќе дојде со повеќе звучници, а ќе има и камера која ќе може да се користи за видео повици.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.