Роботските вакуум-чистачи се исплатливи во целост – навистина го добивате назад она за кое што плаќате. Другите поскапи модели можеби имаат моќно вшмукување или навигациски способности, но не секој може да си дозволи да плати мало богатство само за еден апарат за домаќинство.

Deebot M81 Pro Ecovacs поседува серија од прифатливи компромиси. Вшмукувањето е потивко – со јачина на звук од околу 60 dB. Меѓутоа, Deebot M81 Pro располага со разни селективни опции за чистење на нередот. На пример, влезот за вшмукување без заптивка е совршен за собирање влакна без заплеткување. Исто така, главната четка може да постигне  потемелно чистење, особено на теписите.

Тоа што треба да го направите е да ја изберете вистинската алатка од пакетот со насочени режими на чистење. Така, автоматскиот режим се однесува на општото чистење, а режимот за рабови се применува при чистење на специфични рабови. Со интензивниот режим се чистат потврдокорните нечистотии и слично.

Вакуум и соодветните компресори за потемелно чистење можат да се справат со нечистотиите од различен карактер, дури и со оние засушените од течна природа. Според тоа, Deebot M81 Pro може многу едноставно да го обезбеди беспрекорно чистиот под кој го посакувате.

Автоматското полнење се активира само по себе, штом батеријата се испразни. Така средувањето на нередот може да биде и подолготрајно, во согласност со Вашите потреби. Значи човечка интервенција не е потребна.

Доколку сте загрижени за евентуалните последици по вашето здравје, тогаш дишете слободно. Филтерот е со висока ефикасност и го намалува ризикот од астма и алергии.

Со апликацијата ECOVACS во вашиот џеб можете многу лесно за го закажете, односно временски да го програмирате чистењето. Режимите за средување можат да се калибрираат, како и да се надгледува статусот на чистење. Значи, вашиот робот може да го контролирате секаде и секогаш, во секое време.

Сето ова би го добиле во износ од само триста илјади долари. Впрочем, не е ли тоа се’ што еден потенцијален купувач на роботски вакуум-чистач посакува? Малку повеќе слободно време за себе и за блиските? И секако, потивкиот режим на чистење е комбинација која што сите уште од детството ја посакуваме.

Претходна статијаWizz Air го стартува второто издание на „WIZZ Youth Challenge“
Следна статијаPorsche разработува концепт на патнички дрон