Screenshot 2014-10-27 18.48.06

По претставувањето на новиот iPhone 6 Plus одреден број на корисници почнаа да се жалат дека нивниот уред се витка под притисок кога го носат во џебот од тесни панталони и слично. Точноста на тие информации беше потврдена од страна на луѓето од YouTube каналот Unbox Therapy кои што решија да пробаат дали телефонот навистина се витка. Од видеото можеше да се види дека iPhone 6 Plus навистина се витка, а Apple излезе со соопштение дека тоа е случај кај многу мал број на уреди и дека истите ќе биде заменети во продавниците.

Пред десетина дена Apple претстави нови генерации од iPad Air и iPad Mini уредите, па сигурно беше само прашање на време кога ќе се најде некој кој што ќе го тестира и нивното виткање. Во овој случај се работи за корисник од Германија кој што го витка својот нов iPad Air 2 таблет компјутер до кршење.

Сепак ова не би требало да претставува ни приближно проблем како во случајот со iPhone 6 Plus моделот поради тоа што таблет компјутерот сигурно нема да го носите во џеб или на слично место каде што би бил подложен на притисок. Исто така, од видеото може да се види дека Марвин прилично јако го витка таблетот, јачина која што ретко би била ситуација во која што може да се најде вашиот уред.

Сепак интересно е да се види дека производите од оваа компанија можат многу лесно да бидат свиткани и скршени. За да биде фер оценката, би било добро некој да тестира и други модели, како на пример тие од Samsung, па да видиме дали ова е проблем со кој што се соочуваат само производите од Apple.

Извор: Ubergizmo

Претходна статијаИнтервју: Нино Карас, еден од основачите на CodeWell
Следна статијаMicrosoft го зголемува просторот за складирање за корисниците на Office 365, ќе биде неограничен
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.