Во октомври минатата година Microsoft го најави Surface Neo, како дел од изненадувањето кое беше дел од презентацијата на новите верзии од другите Surface уреди. Овој уред е со двоен екран, привлече навистина големо внимание, а со него беше презентирана и посебна верзија од Windows 10 замислена за ваквите уреди, Windows 10X.

На претставувањето на овој уред беше најавено дека тој ќе почне да се продава дури по една година, односно за време на наредните празници во САД, а тоа е декември оваа година. Се постави прашањето дали уредот ќе успее да го привлече истото внимание како за време на неговото претставување, а тоа посебно важеше и за Android уредот Surface Duo кој беше најавен на истиот настан и треба да се продава во истиот период.

Сепак, изгледа дека времето кое ќе треба да го чекаат корисниците за да можат да го купат Surface Neo ќе биде поголемо и од првичното. Според извори во компанијата на познатата Windows авторка за ZDNet, Мери Џо Фоли, Microsoft ќе го одложи пуштањето на Surface Neo за идната година.

Ова информација наводно им ја има дадено на вработените Панос Панај, кој е главен на Surface секторот, а од неодамна и на развојот на Windows.

Покрај тоа што се одложува пуштањето на Surface Neo, според информациите, се одложува и пуштањето на вакви уреди кои би работеле на Windows 10X од партнерите на компанијата. Пуштањето на Surface Duo би требало да остане непроменето.

Од Microsoft се истакнува дека сакаат да продолжат со развојот на Windows 10X и да го направат подобро компатибилен со уредите со еден екран. Оваа информација укажува на претходните дека овој систем ќе работи и на „обичните“ уреди, а најверојатно е замислен како конкуренција на Chromebook уредите кои работат на Chrome OS.

Иако не се истакнува директно, се верува дека одлуката за одложување е до некаде резултат на промената на работата поради COVID-19 пандемијата во светот.  

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаЗголемување на акцизата за нафтените деривати, една од мерките за справување со економската криза предизвикана од COVID-19
Следна статија„Уметноста на движењето“ е филозофијата на дизајнот на HUAWEI P40 Pro и неговиот Quad-curve Overflow дисплеј
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.