By Maurizio Pesce from Milan, Italia - Elon Musk, Tesla Factory, Fremont (CA, USA), CC BY 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=38354348

Најавата на Елон Маск дека ќе се сели од Калифорнија беше доволна да стане јасно дека во оваа држава се случува одреден тренд кој може да направи да таа веќе не се смета за центарот на ИТ компаниите во САД, па до некаде и светот.

Во разговор со The Wall Street Journal, Маск истакна дека ги има продадено своите куќи во Калифорнија и планира да живее во Тексас, каде ќе биде и поблиску до планираните нови локации на SpaceX и Tesla.

Причината за ваквата одлука тој ја гледа во „опуштањето“ на државата Калифорнија кои поради фактот што долго време се сметаа за број 1, тие веќе почнале да го земаат тоа место „здраво за готово“.

Оваа информација го привлече само повеќе вниманието кон нешто што изгледа станува тренд со најавите на повеќе компании дека ќе ги преселат своите седишта во Тексас, како и одредени директори кои ќе се преселат таму со местото на живеење, но и во друго држави.

Дел од компаниите кои се познати, а планираат да се преселат во Тексас се такви како Oracle, Hewlett-Packard и слични.

Во САД познато е дека државите функционираат различно во одредени делови, па бизнис климата не е иста секаде, а тоа беше и причината зошто Калифорнија стана позната по тоа што е веќе одамна.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаВлезете во светот на технологија и финансии на настанот „Ерата на финтек“
Следна статијаБарајќи крај на забраната за 5G, Huawei велат дека се подготвени да ги прифатат условите што може да ги постави Шведска
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.