pixel-invite

Веќе одреден период можеме да прочитаме дека наредните телефони со брендот на Google ќе го носат нивниот Pixel бренд, наместо досегашниот и познат Nexus. Информациите, исто така говореа дека новите уреди Google ќе ги претстави идниот месец.

Од компанијата официјално го потврдија настанот со испраќање на покани до медиумите, како и преку нивниот Twitter профил. Истиот ќе се одржи на 4-ти октомври во 18:00 часот според македонско време.

Од тоа што може да се види од видеото објавено на Twitter, дефинитивно ќе бидат претставени телефони. Видеото започнува со Google Search поле кое се претвора во форма на телефон.

Се разбира, повеќе информации во поканата и видеото нема, па останува до настанот да почекаме и да се „занимаваме“ со неофицијалните информации.

Инаку, од досегашните неофицијални информации може да очекуваме уреди од високата класа кои овој пат ќе имаат и повисока цена од таа што беше карактеристична за Nexus уредите.

Оваа недела повторно излегоа нови слики за кои се тврди дека се од новите Pixel уреди, па можете да ги видите во продолжение.

pixel-xl-pixel-x-leak-1

pixel-xl-pixel-x-leak-2

Извор: Android Central, VB

Претходна статијаЕУ планира да воведе бесплатен безжичен Интернет до 2025
Следна статијаMicrosoft претстави нов Nokia мобилен телефон
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.