Мобилните телефони се веќе толку дел од нашиот живот што голем процент од нас ги користат и додека управуваат со своето возило, а тоа важи и за возачите на мотори. Ова се случува иако на сите им е јасно колку е небезбедно и колку ги зголемува шансите за сообраќајна незгода.
Изгледа јасно е дека едукативните кампањи и совеста на луѓето ретко може да биде нешто на кое може да се смета, па како и секогаш казните се најефикасниот начин да се намали одредена појава.
Во австралиската држава Нов Јужен Велс властите имаат поставено нови камери кои со помош на вештачката интелигенција ќе можат да ги „фаќаат“ возачите кои ги користат своите мобилни телефони додека возат.
Системот започнува со работа на 1ви декември, односно е почнат од вчерашниот ден. Возачите во првите три месеци ќе добиваат само опомени, по што ќе почнат да бидат казнувани парично и со додавање на казнени поени во нивните дозволи.
Интересно е што системот бил тестиран пред неговото официјално пуштање, па од почетокот на оваа година биле откриени повеќе од 100.000 возачи кои го користеле својот мобилен телефон додека возат.