Фото: Shutterstock.com

Поради ознаката како сервиси „чувари“ според новите закони од ЕУ, Meta ќе мора да им овозможи на сервисите кои ќе побараат да функционираат со WhatsApp и Messenger, тоа да можат да го направат.

Со други зборови, WhatsApp и Messenger ќе мора да овозможат комуникација на своите корисници со корисниците од други сервиси, ако тоа биде побарано од страна на тие сервиси.

Доброто е што законот не предвидува, дури напротив, нарушување на безбедноста и приватноста на сервисите, па Meta ќе може да постави одредени правила за да може да ја овозможи „интероперабилноста“.

Од компанијата истакнуваат дека тие преферираат да сервисите го користат Signal протоколот за шифрирање на разговорите, кој е еден од најпознатите и најбезбедните во светот, на кого функционираат WhatsApp и Messenger.

Сепак, сервисите нема да мора да функционираат на Signal, па ќе бидат прифатени и други протоколи кои ги задоволуваат стандардите.

Meta објави и што имаат преземено во соработка со Европската Комисија за овозможување на ова барање од страна на ЕУ, а деталниот документ е достапен тука.

„Речиси две години нашиот тим работи со ЕК на имплементација на интероперабилност на начин што ги исполнува барањата на законот и максимизирање на безбедноста, приватноста и безбедноста на корисниците. Интероперабилноста е технички предизвик – дури и кога е фокусирана на основните функционалности како што се бара од DMA. Во првата година, условот е за текстуални пораки 1:1 помеѓу поединечни корисници и споделување на слики, гласовни пораки, видеа и други прикачени датотеки помеѓу поединечни крајни корисници. Во иднина, барањата се прошируваат на групната функционалност и повици.“ – истакнуваат од Meta.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаGoogle воведе нови тарифи за програмерите во ЕУ исто како што направи Apple
Следна статијаWaze најави 6 новини кои стануваат достапни во апликацијата во периодот што следи
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.