Фото: Brett Jordan преку Unsplash

Google, кои веќе одамна се сопственици на познатата Waze апликација за навигација, најавија 6 новини кои ќе ги добие апликацијата во периодот што следи, а ќе ја направи уште покорисна.

Waze е позната по тоа што функционира на основа на огромен број на информации од страна на заедницата на корисници, па на истата се достапни доста информации кои не е баш можно да се видат на другите апликации, вклучувајќи ја иа Google Maps.

Шесте новини кои ги добива апликацијата се следните:

Поголема помош при навигација низ кружни текови

Waze со помош на заедницата ќе почне да дава повеќе информации за корисниците точно да знаат во која лента треба да возат и кога точно треба да излезат од кружниот тек. Оваа новина ќе им стане достапна на корисниците на Android овој месец, а на корисниците на iOS до крајот на годината.

Информации за присутност на итните служби по пат

Ова е новина која им станува достапна на корисниците од САД, Канада, Мексико и Франција, а се најавува достапно и за повеќе земји во иднина. Корисниците ќе добиваат информација доколку по патот каде се движат во моментот има некоја од службите како брза помош и слично, па соодветно да го прилагодат возењето.

Повеќе информации за ограничувањата на брзината

Новина која корисниците на двете платформи ја добиваат овој месец вклучува повеќе информации за ограничувањата на брзината, како на пример ознака на самата апликација кога корисникот доаѓа на дел од патот каде ограничувањето се намалува. Корисна информација, а посебно за избегнување на казни.

Повеќе информации за патот

Со помош на заедницата на корисници, Waze ќе добие можност да се пријавуваат повеќе информации од досега достапни за дупки на патот, железнички премини, лошо време и слично. Корисниците ќе можат да гледаат информации за остри кривини, легнати полицајци, наплатни рампи и слично.

Информации за паркинг места и гаражи

Ова е уште една доста корисна новина која за жал ќе им биде достапна на корисниците од САД и Канада. Истата ќе ги информира корисниците за цените на паркинг местата, како и додатни информации кои би им биле корисни на корисниците.

Повеќе информации за омилените патишта

Корисниците ќе можат да гледаат повеќе информации за алтернативните патишта по кои можат да стигнат некаде, па со тоа да одлучат полесно по кој пат сакаат да одат.

Претходна статијаMeta ги објави техничките барања за сервисите кои ќе сакаат да функционираат со WhatsApp и Messenger
Следна статијаApple објави документ преку кој објаснува како ќе се усогласи со новите европски закони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.