Фото: Shutterstock.com

Европската Комисија назначи шест компании кои според Digital Markets Act законот ќе се сметаат како „чувари“ и поради тоа ќе мора да следат листа на правила.

Овие шест компании се Alphabet, Amazon, Apple, ByteDance, Meta и Microsoft, а набројани се 22 од нивните сервиси поради кои се дел од оваа листа. Тука се TikTok, Facebook, Instagram, LinkedIn, WhatsApp, Messenger, YouTube, Google Search, Android, iOS, Windows, Chrome, Safari, Google Maps, Google Play, Google Shopping, Amazon Marketplace, App Store, Meta Marketplace.

Според Digital Markets Act, донесен минатата година, како чувари се сметаат компаниите кои имаат доволно големи платформи, како што се оперативни системи, друштвени мрежи, продавници и слично, со што можат да влијаат на изборот и искуството на корисниците.

Европската Комисија истакнува цела листа на работи кои треба и кои не треба да се прават од страна на овие компании, а дел од нив вклучуваат овозможување на трети страни да функционираат во сервисите од компанијата чувар, овозможување пристап до информациите од платформите, овозможување на корисниците да ги избришат пред инсталираните апликации и слично.

Овој закон е одговорен за популарната обврска на Google и Apple да им овозможат на корисниците можност за инсталирање на апликации од други продавници, а не само од App Store и Play Store.

Компании како Samsung, Sony и други не се дел од оваа листа, а тие имаат доставено аргументи кои биле прифатени од страна на ЕК зошто не треба да бидат.

Apple деновиве можевме да прочитаме дека реагираше за додавање на нивната Messages апликација, која според нив не е доволно популарна во Европа за да биде дел од листата.

Од Комисијата размислуваат да го додадат и iPadOS и покрај тоа што овој систем не ги задоволува условите за истото.

Инаку, како услов за една компанија да се смета за чувар, истата треба да има повеќе од 45 милиони месечни активни корисници, како и пазарна вредност од 76 милијарди евра.

Компаниите ќе треба да започнат со почитување на правилата поставени за нив според законот од март идната година, а во наредните шест месеци ќе можат да поднесуваат приговори и аргументи за одлуката на ЕК.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Европска Комисија
Претходна статијаPaint во Windows ќе добие можност за отстранување на позадината од сликите
Следна статијаСо едно пластично шише или лименка до влезница на концерт на NATALEE, Фолтин, SIZ и KEM
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.