Фото: Shutterstock.com

Од овој месец стапуваат на сила новите правила кои доаѓаат како резултат на два нови закони донесени во Европската Унија. Во случајот на Google и Apple разликата ја прави едниот од законите, а уште сега може да се види дека ќе има и негативни практики поради нив. 

Една од обврските од законите е компаниите како Google и Apple да им овозможат на корисниците инсталирање на апликации надвор од нивната главна продавница. Во случајот на Google тоа веќе беше возможно, Android е сепак доста отворен систем, па Apple се тие кои беа повеќе погодени од потребните промени. 

Кога ја најавија можноста за инсталација на апликации надвор од App Store, Apple најавија и нови тарифи кои ќе ги наплаќаат. Сега истото ќе го направи и Google, па тие веќе добиваат критики за оваа одлука. 

Исто како што направи Apple, програмерите нема да можат да ги избегнат тарифите од Google и покрај тоа што би користеле други продавници и системи за наплата. Google воведува посебни тарифи за овие апликации, па иако тие се нешто пониски, сепак програмерите ќе мора да продолжат да им плаќаат на Google. 

Интересно ќе биде да се види дали и каква реакција ќе има од страна на ЕУ, но сепак верува дека компаниите немаат воведено нешто што според законите не би можеле.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаCopilot доаѓа во OneDrive за да помогне со пребарувањата, анализите, сумирањето на датотеките и содржината
Следна статијаMeta ги објави техничките барања за сервисите кои ќе сакаат да функционираат со WhatsApp и Messenger
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.