vmware-airwatch

VMware е компанија специјализирана за изработка на софтверски решенија за виртуелизација и e меѓу најпознатите компании во таа област. За домашните корисници најпознато решение е VMware Player преку кого на еден оперативен систем може да се инсталира било кој друг систем во виртуелна средина.

Од VMware изјавија дека склучиле договор за купување на AirWatch, компанија која што изработува решенија за софтвер за менаџирање преку мобилните уреди и нивна безбедност. Со купувањето на оваа компанија од VMware очекуваат дека ќе се приближат до крајниот корисник кој што се повеќе користи мобилни уреди при вршењето на својата работа. Договорот подразбира купување на компанијата преку исплата на 1,17 милијарди долари во готово, како и дополнителни 365 милиони на рати и можност за купување на акции.

AirWatch е компанија основана во 2003 која вработува околу 1.600 луѓе и има повеќе од 10.000 клиенти. Извршен директор на компанијата е John Marshall, кој што ќе остане на чело на истата како дел VMware.

На следното видео можете да го погледнете обраќањето на Sanjay Poonen – Извршен потпретседател и генерален менаџер на одделот за крајни корисници во VMware.

Претходна статијаНова промена во алгоритамот на листата со новости нa Facebook
Следна статијаAmazon ќе испраќа пратки пред истите да бидат нарачани
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.