messages_exchange

Се работи за поранешна корисничка на iPhone од San Jose, California, која што станала корисник на Samsung телефон кој што работи на Android оперативниот систем. Во поднесената жалба од страна на оваа корисничка се тврди дека испратените SMS пораки од страна на корисници на Apple, не стигаат до нејзиниот телефон.

Проблемот се јавува поради грешка во iMessage апликацијата достапна на Apple уредите. Поточно, оваа апликација покрај можноста за комуникација преку SMS пораки овозможува комуникација на корисниците преку интернет мрежата, односно слично на Viber и WhatsApp. Апликациите од овој тип, го поврзуваат телефонскиот број со сервисот, па проблемот кој што настанал поаѓа од таму. Корисничката не ги добива SMS пораките кои што доаѓаат од корисници на Apple, односно испратени од iMessage апликацијата, која што пораката ја испраќа на број кој што смета дека се’ уште работи на iPhone. Овие пораки се целосно изгубени и според информациите, од Apple немаат решение за проблемот.

Некои од начините за решавање на проблемот се исклучување на iMessage сервисот пред да се приклучи телефонскиот број на друг уред, како и бришење на вашиот број од страна на iMessage корисниците, па повторно додавање.

Дали на некој од вас му се има случено да има ваков проблем ?

Извор: Cnet, Bloomberg

Претходна статијаSkylock паметна сајла за велосипед, ги известува пријателите кога ќе паднете
Следна статијаWhatsApp повлечена од Windows Phone продавницата, не се знае кога точно ќе биде вратена
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.