NSN_headquarters

Преговорите помеѓу двете компании, кои што беа потврдени оваа недела, сепак завршија многу побрзо отколку што се очекуваше. Nokia и Alcatel-Lucent постигнаа договор за спојување, односно за купување на Alcatel-Lucent од страна на Nokia.

Зделката е со вредност од 15,6 милијарди евра, а целата процедура се очекува да заврши во првата половина од идната година.

По спојувањето компаниите ќе продолжат да функционираат под брендот на Nokia, што беше и очекувано, а својот бренд ќе го задржи само Alcatel-Lucent Bell Labs. Bell Labs е сектор од компанијата кој што е задолжен за истражувања и развој на производите. Овој сектор во 2014 година имал буџет од 4,7 милијарди евра, а во него работат околу 40.000 луѓе.

Со спојувањето се креира нов гигант во Европа кој што ќе работи во областа на мрежната технологија, развој на технологии за облакот и мобилните мрежи. Nokia со ова станува една од најголемите компании на пазарот и сериозна конкуренција на Ericsson и Huawei.

Од Nokia исто така изјавија дека размислуваат за продажба на HERE делот од компанијата кој што ги развива познатите HERE Maps апликации кои што веќе не се ексклузивни за Windows Phone платформата.

Оваа информација исто така е веќе позната изминатиот период, а се шпекулира и за можноста Microsoft повторно да се најде во договор со Nokia, иако во игра се и други компании.

Исто така да напоменеме, ова не значи дека Nokia ги добива и Alcatel паметните телефони кои што веќе одреден период не се во сопственост на Alcatel-Lucent.

Извор: Nokia, The Verge, Engadget

Претходна статијаApple патентира статусни пораки на обични повици
Следна статијаLumia 540 е новиот супер достапен Dual SIM смартфон на Microsoft
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.