NASA

NASA како дел од GLOBE програмата претстави предизвик со кој од луѓето, се разбира тие што се заинтересирани, бара да го сликаат небото и да ги испраќаат сликите од облаците до агенцијата. Сликањето за аматерите би се правело преку посебната апликација за таа намена, а корисниците би можеле да праќаат по 10 слики во текот на еден ден.

GLOBE програмата означува Глобална програма за учење и набљудување за бенефит на околината. Истата е организирани од страна на владата на САД во 1994 година, а се проширува на светско ниво во 1995.

Причината поради која се потребни сликите од облаците е поради неможноста да се добие целосна слика од инструментите кои ги користи NASA од орбитата. Како што објаснуваат тие, често одредени облаци не може да бидат детектирани или се погрешно детектирани, па слики во сликани во исто време од земјата, ќе овозможат точна слика за нив.

Периодот којшто е избран за предизвикот е поради промената на годишните времиња, од зима во пролет, па бројот и формата на облаците сега најдобро се набљудува.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2NASA
Претходна статијаЗлатен медал за Симона Заборска на Балканското Првенство во Истанбул
Следна статијаМарк Закерберг со извинување на цела страна во повеќе весници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.