IKEA развива систем за паметно осветлување. Со ова компанијата конечно се насочува кон автоматизација на домовите, нешто што се очекуваше веќе подолго време. Шведската компанија претстави нова линија на производи наречени Trådfri, што значи „безжично“ на шведски.

Овие производи беа претставени во неколку европски земји уште минатата есен, но сега кон крајот на месец март се очекува нивно пошироко претставување. Овој систем ќе работи на принцип на мрежно поврзување. Прво ќе се конектира со интернет врската во домот, па потоа ќе се создаде еден вид на локална мрежа.

Основниот сет којшто е потребен за да функционира овој нов систем на IKEA, се состои од уред за поврзување со интернет, уред за далечинско управување и две Trådfri сијалички. Овој основен сет ќе чини некаде околу 85 долари. Стандардите Trådfri сијалички се всушност LED сијалички со три различни температурни опции. Според шведската компанија, секоја од овие нивни нови сијалички треба да има век на траење од 25.000 часови. Стандардната Е27 сијаличка ќе се продава по цена од 22,68 долари, додека помала Е14 сијаличка ќе се продава по цена од 16,99 долари.

Покрај стандардниот сет на IKEA, постојат и други додатоци како на пример, сензор за движење кој што би се чинел околу 28,32 долари, далечински управувач на светло кој што би чинел околу 34 долари. Инаку системот би функционирал и преку апликација преку нашите паметни телефони. Останува да видиме во кој правец ќе се движи оваа нова иновација на IKEA, и што ќе ни понудат во иднина.

Извор: TheVerge

Претходна статијаСаем на книгата, Скопје травел маркет и Денови на образование и кариера од 4-ти до 10-ти април
Следна статијаВидео: сите новитети и подобрувања во Windows 10 Creators Update