Во понеделник 23-ти јануари 2017 година, со почеток во 12.15 часот во Клубот на пратеници  во Скопје се одржа Презентација на програмата на Европската унија за образование, обука, млади и спорт ЕРАЗМУС+ имплементирана преку Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, со фокус на Клучна акција 2- Соработка за иновација и размена на добри практики на корисниците на грантови на Фондот за иновации и технолошки развој.

Целта на презентацијата на програмата ЕРАЗМУС+ беше да се запознаат корисниците со можностите за соработка со други организации или високо-образовни и научни институции, со цел поднесување на проект апликации за Клучната акција 2 и мобилизиција на дополнителни финансиски средства. Клучната акција 2 предвидува проекти кои се фокусираат на секторска и меѓусекторска соработка, проекти кои се однесуваат на работа со индустрија, билатерални и мултилатерални партнерства и воведување на иновативни активности.

На презентацијата беа презентирани и останатите клучни акции кои се дел  од Еразмус+.

Претходна статијаXiaomi Redmi 4 е супер евтин, има солидни перформанси и долго траење на батеријата
Следна статијаТурбина имитира колибри и произведува зелена енергија