Наскоро ќе пристигне време кога веќе нема да ги возиме нашите автомобили, односно тие ќе не возат нас. Самиот искрено се надевам дека нема да ни бидат одземени сите можности за управување на автомобилот, бидејќи особено многу сакам да бидам зад воланот. Jaguar – Land Rover има идеја како да го направи Вашиот автомобил персонализиран, но истовремено тој да биде автономен.

Jaguar Sayer е всушност паметен волан, именуван по Малком Сејер, веројатно еден од најдобрите дизајнери на автомобили во историјата, чија рака го нацрта дизајнот на славниот Jaguar E-Type, според многумина најубавиот автомобил некогаш направен. И најдоброто од се, со овој волан ќе може да го управувате својот автомобил од време на време, што е особено важно за автомобилите на Jaguar, кои важат за автомобили насочени кон возачот.

Но, тоа не е единствената можност на Jaguar Sayer. Ако беше така, ние воопшто немаше да пишуваме за овој волан на нашиот сајт. Имено, овој волан има вграден дигитален асистент и може лесно да се отстрани од вашиот автомобил и да го однесете во вашиот дом. Кога ќе биде во вашиот дом, тој може да ви кажува информации за сообраќајот и да предложи кога да тргнете за да стигнете на состаноците од дневната агенда. Jaguar Sayer може и да се префрли во друг автомобил, бидејќи во 2040 се претпоставува дека веќе нема да имаме сопствени автомобили, туку ќе биде развиен “car sharing”.

Веројатно најважно за оние со октани во крвта, воланот може и да му предложи на возачот да го преземе воланот кога следува некој интересен пат за возење со повеќе кривини, нешто што според мене е одлична идеја.

Извор: Digital Trends, Engadget, The Verge

Претходна статијаSamsung Galaxy J7 Plus има двојна камера, солидни спецификации и достапна цена
Следна статијаXiaomi Mi A1 е супер достапен смартфон со „ванила“ Android Nougat