Smart-nedelnik

Како и секоја недела, така и изминатата не беше ислучок, па можевме да прочитаме повеќе интересни новости на Смартпортал. Raspberry претстави уште поевтин мини компјутер кој што ќе стане достапен на уште поголема публика со својата цена од само 5 долари, а е наречен Pi Zero.

pi-zero-

Како што можевме да прочитаме неколку пати досега, Nokia планира да претстави нов телефон од идната година кога и ќе го добие правото според договорот со Microsoft. Овој телефон со оглед на досега излезените информации ќе биде наречен C1, а оваа недела излегоа и првите слики и рендери. Сликите, доколку се покажат како точни, доведоа до нов момент кој што не беше очекуван, а тоа е можноста C1, покрај на Android, да работи и на Windows 10 Mobile платформата.

Една од најинтересните новости беше таа за првото успешно вертикално слетување со ракета која што потоа ќе може повторно да биде употребувана. Она што ја направи оваа вест уште поинтересна е компанијата која што го направи ова прво успешно слетување, а тоа е Blue Origin на Џеф Безос од Amazon, наместо SpaceX на Елон Маск кои што делуваа дека имаат најголеми шанси.

03_bo_landing_web

Можеби малку доцнат зад конкуренцијата, но кога се работи за добри функции, корисниците нема да се жалат. Viber во своите мобилни апликации ја воведе можноста за бришење на испратените пораки и од уредот на примачот, па тие кои што често знаат да згрешат, сега ќе може да бидат помирни кога испраќаат пораки.

Исто така, интересна беше новоста која што покажа дека новата Li-Fi технологија добро се покажува во тестовите, па можеме да очекуваме добар додаток за нашите локални мрежи, но и во компаниските.

Останатите новости кои што ја одбележаа последната недела во ноември се следните:

Претходна статијаОвој Cyber Monday регистрирајте .mk или .мкд домен за 499 денари
Следна статијаВидете ги радио брановите околу вас со оваа апликација за проширена реалност