Фото: Netflix

Netflix официјално го најави редизајнот на нивната апликација за телевизорите и стриминг уредите, кој започна да го тестира пред една година. Ова може да се каже дека е еден од поголемите редизајни досега на апликацијата, а е направен во стилот кој првпат го видовме кај iOS и iPadOS апликациите од сервисот.

Редизајнот вклучува поголеми промени кај корисничкиот интерфејс, но има и одредени функционални промени. 

Уште од првото вклучување на апликацијата може да се забележи горниот дел кој сега има различен стил на главниот филм или серија која стои како предлог. 

Над оваа слика сега е поставено менито кое порано стоеше на левата страна и слободно може да се каже дека вака изгледа многу подобро. 

Во остатокот од главниот екран предлозите сега се прикажуваат во поголеми картички кои ја менуваат големината како што се поминува врз нив, па како што истакнуваат од компанијата, дизајнот сега е чист и модерен. 

Што се однесува до функционалните промени, на горната лента сега стои „My Netflix“ дел, кој го менува досегашниот „My List“ делот  во кого ќе стои содржината која ја има зачувано корисникот, како и започнатата. 

Од компанијата нагласуваат и дека предлозите за гледање ќе бидат подобри, а и ќе го одразуваат моменталното расположение и интереси на корисникот. Тоа секако доаѓа благодарение на вештачката интелигенција. 

Како ограничен тест на iOS апликацијата, Netflix најави и нов начин на пребарување со помош на ВИ преку кој корисниците ќе можат да кажат што им се гледа, без да внесат име на филм или серија. 

Дополнително, Netflix повторно тестира можност за прегледување на содржина на мобилните во форма слична на „Stories“, па ова претставува уште еден начин да се открие нешто интересно за гледање. 

Презентацијата на овие новини можете да ја погледнете во продолжение. 

ИЗВОРNetflix
Претходна статијаSamsung QLED телевизорите добија сертификат „Вистински Quantum Dot дисплеј“ од TÜV Rheinland
Следна статијаЈавна расправа за упис во Регистарот на издавачи на онлајн медиуми и начинот на водење на Регистарот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.