Фото: Netflix

Netflix изминатиот период започна со тестирање со доста голем редизајн на нивната апликација за телевизорите. Мене краток период ми беше вклучен овој нов дизајн, но потоа беше тргнат како што е обично случајот во тест фазата, а истиот дефинитивно ми остави одличен впечаток, па сега моменталниот дизајн ми изгледа „лошо“.

Две новини се клучни во редизајнот, а тоа е преместување на левата лента на горната страна и нејзино реорганизирање, како и нов начин на прикажување на листата на филмови и серии кои корисникот може да ги гледа.

Содржината ќе се прикажува во поголеми картички кои ќе се прошируваат кога ќе се помине врз нив, а со тоа ќе станат достапни и дополнителни информации и ќе започне краткото видео од филмот или серијата.

Фото: Netflix преку The Verge

Лентата која ќе биде префрлена на горната страна ќе биде поедноставна, па ќе има само филмови и серии, а предлозите од корисникот ќе одат на новиот дел кој беше пуштен прво кај мобилните, наречен „My Netflix“.

Од компанијата истакнуваат дека засега овој нов дизајн се тестира кај помал број на корисници, а со тек на време ќе биде пуштен кај повеќе. Доколку се помине како што треба, истиот треба да биде официјално пуштен за сите корисници.

ИЗВОРGizmodo
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаФЕИТ преку проектот INITIATE ќе ја подобрува соработката со индустријата
Следна статијаНовите Copilot+ функции изгледа ќе бидат ексклузивно достапни само за компјутерите со Snapdragon X на почеток
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.