Најновата верзија од Netflix на iOS донесува целосен редизајн на апликацијата за кој може да се каже дека изгледа одлично. Тука придонесуваат и одличните нови анимации кои се прикажуваат при работата со апликацијата, како и боите кои се прелеваат и прилагодуваат соодветно на боите кои се моментално на сликите од филмовите и сериите.

Главната разлика се забележува на почетната страна од апликацијата, каде сега со големи букви е прикажано името на профилот од кој се гледа, а редизајнирани се копчињата кои и досега беа достапни во овој дел. Посебно се истакнува и тргањето на црната боја како позадина, па сега се прикажува динамична боја која се прелева и менува како што се движат елементите од апликацијата.

Главниот предлог веќе не е на целиот екран, туку е прикажан во ново дизајнирана картичка која ја менува својата позиција како што се движи телефонот.

Може да се забележи и тргањето на „i“ копчето, односно инфо копчето кое беше тука за кога ќе се притисне да се отвори делот со повеќе информации за филмот или серијата. Сега било каде да се притисне на сликата води до тој дел, па од таму може да се почне со гледање.

Не сме сигурни дали новиот дизајн треба да е достапен и на iPad, па надградбата на апликацијата не направи некоја промена како што беше случајот со верзијата на iPhone.

Исто така, нема информации дали и кога овој редизајн е планиран за Android, како и тоа дали можеби на оваа платформа се планира нешто поразличен редизајн. Сега за сега, промените остануваат само за кориниците на iOS.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаOpenAI алатките сега се достапни преку Microsoft Azure
Следна статијаApple ги претстави M2 Pro и М2 Max чиповите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.