Доколку сте корисник на бета верзија од Facebook за Windows Phone оперативниот систем, овие промени не се нови за вас. Меѓутоа доколку сепак сте корисник кој што сака да ја чека официјалната верзија, тогаш конечно најновата верзија од Facebook е достапна и за вас.
Facebook за Windows Phone сега го вклучува дизајнот кој што го имаат корисниците на Android веќе одреден период. Доколку сте запознаени со Facebook за Android тогаш го знаете и новиот дизајн, а доколку ова е ново за вас во продолжение можете да ги прочитате новостите кои што се воведени:
Нов дизајн Новиот дизајн ги исклучува менијата и онлајн пријателите до кои што пристапувавте со повлекување на левата или десната страна, односно менијата со темно сива позадина. Навигацијата во апликацијата сега се одвива од левата кон десната страна, со повлекување на истата.
Подобрување на перформансите
Можност за качување на видео содржина
Интеграција со Messenger Апликацијата ги вклучува промени кои што ги најави Facebook за задолжителното користење на Messenger апликацијата доколку сакате да добивате и испраќате пораки.
Детали на постовите Кога ќе кликнете на некој пост, се отвора посебна страна на која што можете да ги видите сите поврзани детали, како коментари, лајкови и слично.
Апликацијата е достапна за сите корисници на Windows Phone 8.1, 8 и 7.5 и можете да ја симнете преку продавницата за апликации или преку следниот линк.