fb-messenger

Како што најави во Април оваа година, Facebook започнува со исклучување на можноста за испраќање и примање на пораки преку главната мобилна апликација. Одредени корисници веќе одреден период ја немаат можноста за пораки, но во наредните неколку денови промената ќе почне да важи за сите корисници. За да имате време да се прилагодите на промените, а и да ја инсталирате Messenger апликацијата, во наредните неколку денови кога ќе го вклучите делот за пораки на Facebook мобилната апликацијата ќе бидете информирани за промената.

Screenshot_2014-07-29-15-21-49

Оваа промена се однесува за Facebook мобилната апликација на Android и iOS платформите, како и Facebook Beta апликацијата на Windows Phone на која што промената е веќе направена. Промената не се однесува за моменталната Facebook апликација на Windows Phone, десктоп, како и за iPad корисниците.

По воведување на промената на вашата Facebook апликација, делот за пораки ќе биде тргнат, а на десната страна каде што досега можевте да ги видите вашите онлајн пријатели, сега ќе биде поставено копче кое што ќе ве носи директно на Messenger апликацијата.

Оваа промена наидува на критики од одреден број на корисници кои што се научени да ја користат само главната апликација и не сакаат да имаат посебна апликација за нешто што можеби и не го користат многу. Меѓутоа од Facebook нагласуваат дека Messenger апликацијата овозможува повеќе функции, како и побрзо корисничко искуство. Исто така оваа апликација ја користат повеќе од 200 милиони корисници кои разменуваат повеќе од 12 милијарди пораки дневно.

Извор: TechCrunch

Претходна статијаЛондон ќе биде покриен со 5G мрежа до 2020, ветува градоначалникот
Следна статијаSharks Cove, мини компјутер од Microsoft и Intel
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.