Неколку месеци по воведувањето на поддршка за видеа снимени со 60fps, како и овозможувањето на функцијата и за стриминзите во живо, YouTube ја добива оваа можност и на своите мобилни апликации.
Поточно, корисниците на официјалната YouTube апликација која што е достапна на Android и iOS ќе можат да ги гледаат видеата снимени со оваа брзина на сликите. Промената е направена на серверите од YouTube, па нема да има потреба од надградба на апликацијата.
За потсетување, промената на квалитетот на видеото кое што го гледате, а со тоа и fps, се прави на самото видео со притискање на трите точки во горниот десен агол и Quality копчето.
Видеата со 60fps иако овозможуваат подобро искуство за доста видеа, сепак се најпогодни и со тоа користени за видеа на кои што има „побрзи“ работи, како што се најчесто видеата со игри, но и видеа со спорт и слично.
Според информациите, поддршката за 60fps е достапна само на официјалната апликација, но не и на мобилната страна од YouTube или апликациите развиени од трети страни.
Исто така, оваа можност е достапна преку HTML5 плеерот на веб, кој што е направен да биде стандардниот на местото од Flash верзијата кој што се користеше порано.
Извор: YouTube Google+, VB