22holo

Холограмската технологија веќе постои. Без разлика што се` уште не е доволно напредна, сепак, сведоци сме на одреден напредок во оваа област, како холограм создаден на сред воздух со помош на ласер, холограмски 3Д прикази, холограми во играчката индустрија и слично. За жал холограмскиот приказ не може да се допре за интеракцијата со него да биде поприродна.

Тоа барем важеше досега бидејќи еден јапонски тим на научници од Digital Nature Group успеаа да создадат холограмски приказ кој можете да го допрете. Концептот е сличен како кај холограмот кој е создаден на сред воздух (исто така во Јапонија). Имено, ласерот кој се користи да се создаде приказот испушта супербрзи и суперкратки зрачења (измерени во фемтосекунди). Овие зрачења ги мрдаат молекулите на воздухот, а воедно ги јонизираат (што резултира во нивно осветлување). Како што знаеме, збир на јонизирани честички на едно место се нарекува плазма, што всушност го создава овој ласер.

Самото тоа што молекулите на воздухот се присилени да се движат го предизвикува ефектот на допир. Имено, кога ќе ставите прст до холограмот воздушните молекули се удираат од вашата кожа и вие тоа го осеќате како да сте допреле нешто. Според главниот автор на студијата чувството е како да сте допреле хартија за брусење или како електростатичен шок. Дополнително, со помош на камера која е поставена под приказот може да се препознае кога сте го допреле приказот и каде, и тоа да се пренесе во команда некаде во софтверот.

5holo

Научниците велат дека одбрале фемтосекунден приказ место наносекунден заради тоа што е побезбеден за кожата бидејќи нема доволно време да ја загрее и оштети. Ова ќе овозможи интерактивни 3Д холограми кои ќе можат да се допрат, што ќе придонесе за значаен напредок во холограмската технологија. Проекцијата на вакви холограми може да овозможи надградување на нашата реалност во случај ако вакви уреди се сместат насекаде околу нас и проектираат слики и предмети кои можат да се допрат.

Извор: IFLScience, Mashable

Претходна статијаМобилните YouTube апликации со поддршка за 60fps видеа
Следна статијаSliden’joy – одлична Kickstarter идеја за зголемување на вашиот лаптоп монитор