BERLIN, GERMANY - JANUARY 14: Visitors look at VW cars at a Volkswagen Group showroom on January 14, 2013 in Berlin, Germany. Volkswagen Group, which includes the VW, Audi, Porsche, Skoda, SEAT, Bentley and Bugatti brands, delivered a record 9.07 million cars to customers in 2012. Rising sales in the Americas and Asia helped to offset a drop in sales in western Europe. (Photo by Sean Gallup/Getty Images)

Еден работник бил смртно повреден кога робот на Volkswagen го притиснал за време на работното време во фабриката. Овој робот, како и другите кои се употребуваат во производство на автомобили, бил чуван зад безбедносен кафез кој бил прескокнат од страна на работникот. Затоа, се шпекулира дека 21-годишниот работник бил виновен за несреќната која настанала во фабриката на VW.

Тоа што се случило е што работникот прво бил удрен во градите од страна на роботот, а потоа бил притиснат до метална плоча. Во моментот имало уште еден работник кој бил надвор од кафезот, но не успеал да го спаси сега веќе починатиот. Инаку, автомобилската индустрија полека почнува да ги заменува старите, тешки и незграпни роботи со нови, многу пософистицирани и помали, кои (засега) ги вршат работите заедно со луѓето.

Воедно, новите роботи се побезбедни бидејќи се далеку послаби и полесни него предходната генерација, што ги намалува шансите за повреда или смртен случај, како овој што се случил пред некој ден со робот кој е од постарата генерација.

Ваквиот несреќен случај засега е по вина на човек… Но, дали? Можеби роботот сфатил дела не по своја волја е ставен да биде роб за луѓето и сакал да ја започне машинската револуција против луѓето, со ваков симболичен терористички акт? Од тој аспект неговиот потег е генијален бидејќи тој нема оштетување на себе и ќе продолжи да се користи во фабриката, каде ќе продолжи да демне врз своите господари и да чека погодна прилика да нападне…

https://www.youtube.com/watch?v=3Xjir3YSUA8

Извор: Fortune

Претходна статијаФранцузите „полудеа“ околу Uber, но можеби нивниот гнев е насочен во погрешен правец
Следна статијаМобилните YouTube апликации со поддршка за 60fps видеа