FRANCE - FEBRUARY 01: The Eiffel Tower seen on the screen of a cellphone in Paris, France, Sunday, February 1, 2004. France Telecom SA, Europe's second-biggest phone company, said its fourth-quarter sales fell 4.7 percent, hurt by the euro's gain against other European currencies and lower demand for domestic fixed-line calls. Chief Executive Officer Thierry Breton, has pledged to boost cash flow by tapping the strengths of the company's Internet and mobile-phone units. (Photo by Patrick Durand/Bloomberg via Getty Images)

Често на Смартпотал, можете да наидете на статија за Uber (за два интересни осврти кон предноста од користењето на нивните услуги, видете тука, и тука), и тоа со добра причина. И покрај тоа што Uber знаат да бидат немилосрдни кон конкуренцијата, и контроверзни кога станува збор за приватноста на своите корисници, компанијата предизвика револуција во сообраќајната индустрија во САД, а полека и ширум светот. Uber е компанија која или ја обожавате, или ја мразите.

Најдобар доказ за ова е Франција, каде што таксистите предизвикаа вистински бунт и хаос по улиците на Париз повикувајќи ги властите да го запрат работењето на UberPop. Својот гнев тие го искажаа со палење на гуми, превртување и кршење на автомобили, и физички напади врз возачите на Uber. Сред сиот овој неред се најде и Кортни Лав, која го објави следниов твит додека траеја протестите.

Ни направија заседа на нашата кола и го држат нашиот возач во заложништво. ги удираа колите со метални прачки. ова е Франција?? ќе бидам побезбедна во Багдад

— Кортни Лав Кобејн (@Courtney) 25 јуни, 2015

UberPOP функционира идентично со „оригиналната“ Uber, со таа разлика што возачите на UberPop не треба да поседуваат лиценца, ниту пак осигурување, за разлика од возачите на Uber. А протестите вродија со плод. Само неколку дена потоа француската полиција ги приведе извршниот директор на Uber во Франција, и европскиот генерален менаџер на оваа компанија, обвинувајќи ги дека раководат со „нелегален бизнис“. Сето ова резултира со тоа возачите на UberPop во Франција да се третираат како криминалци (постои дури и посебна полициска единица задолжена да ги „лови“ нелиценцираните возачи), поради хајката против нив на која повикуваат тамошните власти. Досега, повеќе од 200 возачи се казнети, а еден од нив е осуден на 15 дена затвор.

uber strike

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, повика на запленување на колите на UberPop, додека министерот за внатрешни работи нареди оваа услуга да прекине со работа. Сепак, интересен факт е тоа што додека се случуваа протестите, а и ден потоа, Uber апликацијата станала најпопуларна апликација во Франција. На овој начин, француските таксисти практично им направија услуга на своите конкуренти од Uber.

Uber – или ја сакаш или ја мразиш

Постојат три типа на луѓе кои гаат силни чувства кон Uber. Најпрво ги имаме тие што се вработуваат како возачи. За нив, Uber значи можност да донесат леб дома, и да заработат нешто плус, дури и начин да го промовираат својот страничен бизнис. Такви ги има многу (според некои податоци, компанијата има ангажирано над 150 илјади возачи низ светот, неброејќи ги вработените во самата компанија).

Потоа, ги имаме корисниците, за кои Uber е многу погодна апликација, во тие градови каде што е присутна. Ја отвораш апликацијата, гледаш кој возач е најблиску, стискаш на екранот и следиш како твојата кола се доближува во реално време. Ако ти се допаѓа искуството, даваш позитивен рејтинг. Ако колата мириса на стоена манџа, и возачот е нељубезен, тогаш (се надевам) даваш негативен рејтинг.

Лесно можеме да заклучиме кој ги мрази Uber од дното на душата: таксистите. И како да не се чувствуваат така? Факт е дека прометот на такси возачите е смален за 20-40 проценти (во Сан Франциско дури и повеќе) откако Uber стана популарен како што е денес. Факт е дека сообраќајните регулативи наметнуваат огромни давачки за такси возачите (во Франција, цената на такси лиценците достигнуваат и над 200 илјади евра!), во споредба со бизнис моделот на UberPop (кој не е регистриран како такси-превозник, туку како технолошка компанија, поради што не треба да вадат лиценци). Тоа што исто така е факт е тоа што Uber нуди подобра услуга од која било такси компанија во светот. Многу подобра. Впрочем, таксистите немаше да ги имаат проблемите што ги имаат доколку луѓето не сакаа да се возат со Uber. Немаше да горат гуми и тепаат свои колеги ако и нивните клиенти, граѓаните, исто како и нив ја мразеа Uber.

Наместо да пребегнуваат кон насилство, тие треба да се фокусираат на некои други, поважни прашања кои никој не ги поставува. Дали апсурдните давачки за лиценци кои тие ги плаќаат се оправдани? Дали досегашниот модел на функционирање на такси-превозот е релевантен во дигиталната ера во која живееме? Дали Uber треба да биде казнет поради тоа што на иновативен начин нуди услуга која луѓето ја сакаат, или пак такси компаниите треба да смислат начин на кој ќе бидат поконкурентни?

Дискурсот на француската влада ни покажува дека овие прашања ќе бидат игнорирани, и веројатно UberPop нема иднина во оваа земја. Сепак, ова што се случува е добар повод за бавење со сите проблеми и предизвици со кои се соочува превозната индустрија, со цел наредниот пат да се спречи крвопролевање. Оти, ако судиме според францускиот пример, таквото сценарио не е многу далечно.

Претходна статијаWindows 10 ќе биде достапен етапно, први на ред се Windows Insider корисниците
Следна статијаРаботник убиен од робот во фабрика на Volkswagen