Изминатите година дена Microsoft навистина ја направи корисна нивната алатка за слики од екранот. Истата покрај подобрување кај делот за слики, сега има и можност за снимање на екранот, па потребата од симнување на посебна апликација, посебно од страна на корисниците кои не толку често им треба една ваква алатка, е тргната.
Од компанијата сега тестираат додавање на уште една, иако мала, новина, која дополнително ќе ја направи Snipping Tool корисна алатка, а потребата од други вакви апликации драстично помала.
Корисниците ќе ја добијат можност за додавање на форми кај сликите, нешто што е доста користено и популарно кај другите вакви апликации. Формите вклучуваат квадрат, круг, стрелка и слично, а има и неколку можности за нивни прилагодување.
Овие новини се откриени во кодот кај тест верзиите од Windows 11, па не им се достапни на сите кои се дел од Insider програмата. Тоа значи дека не може да знаеме кога може да се очекува за сите корисници, но со оглед на тоа што се работи за мал додаток, сигурно ќе биде наскоро.