google-developers-logo

Преку нивниот блог, Google соопштија дека имаат издадено повеќе од 50 API алатки со поддршка за .NET. Овие алатки, кои што и претходно им беа достапни за користење на програмерите, сега ќе овозможат многу полесно поврзување со сервисите на Google. Потенцијално од ова може да се очекуваат нови апликации кои што ќе го пополнат недостатокот на Google апликации во Windows 8 и Windows Phone 8 платформите, како Google+, YouTube, Calendar, Drive и слични. Целосната листа на достапните алатки програмерите може да ја погледнат на следниот линк, како и туторијал за започнување на нивно користење на следниот.

Ова сепак не значи официјална поддршка од страна на Google за платформите на Microsoft, а посебно Windows Phone, а исто така не значи дека познатите апликации ќе бидат официјално достапни. Многу корисници се надеваат дека ова ќе значи и повторно враќање на YouTube апликацијата направена од страна на Microsoft која што беше популарна, но таа сепак беше тргната поради нарушување на Условите за користење на Google и оваа новост нема истата да ја врати назад.

Извор: Google Blog

Претходна статијаFacebook ги купува Oculus VR за 2 милијарди долари
Следна статијаGoogle ќе вклучи повеќе бизнис функции во наредната верзија од Android
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.