Според информациите Google, чии што оперативен систем е на прво место по бројот на корисници, сака да го направи поконкурентен за бизнис корисниците во однос на Samsung, Apple, па дури и BlackBerry. Вклучувањето на повеќе бизнис функции подразбира подобрување на сигурноста на Android оперативниот систем која што е важна кога вработените на некоја компанија користат и деловни апликации, а имаат и пристап до деловните ресурси и информации. Исто така се планира вклучување на функции како, складирање на сензитивни информации директно на чипот на уредот, подобра енкрипција на податоците, компатибилност со апликации кои што бараат дополнителна автентикација, како на пример апликации кои што работат со отисоци од прсти. Вклучено би било и менаџирање на апликациите преку интернет од страна на администраторите на компаниите, како и ограничувањето на достапноста на апликациите само на вработените во компанијата.
Извор: The Next Web