Promo slika 1

Факултетот за Бизнис економија (ФБЕ) и Институтот за Бизнис економија (ИБЕ) со големо задоволство го презентираат BrainHunt.mk – атрактивен образовен проект за поттикнување на младите луѓе да размислуваат, да создаваат и да се вклучат во светот на бизнисот. Целта е средношколците, како млади луѓе полни со креативност и идеи, да ја научат практичната страна на бизнисот, а за тоа да бидат константно наградувани!

Почнувајќи од 31-ви март, секоја недела тимот на BrainHunt.mk ќе организира бизнис натпревар на популарната социјална мрежа Facebook во соработка со своите партнери. Дел од партнерите на BrainHunt.mk во почетната фаза се СЕТЕК, Алкалоид Скопје, Академија за Самоодбрана, Bastet Noir, Акцент Компјутери, Преплет, StarTalk, #Омајгад и многу други. Од средношколците се очекува да ги споделуваат нивните идеи и мислења за различни задачи секоја недела:

  • Смислување на нов слоган на популарен бренд или производ
  • Редизајн на лого на компанија, производ или услуга
  • Креирање на вирално видео
  • Решавање на интересни бизнис задачи
  • Креативно пакување за одреден производ
  • Бизнис план за иновативен производ или услуга и уште многу други интересни активности

Оние најкреативните и најдобрите ги очекуваат вредни награди во соработка со партнерите на BrainHunt.mk.

Promo slika 2

Дознајте повеќе на BrainHunt.mk и очекувајте го првиот бизнис натпревар на фан-страната на Facebook на 31-ви март!

Претходна статијаGoogle ќе вклучи повеќе бизнис функции во наредната верзија од Android
Следна статијаMIT развива нов начин на заштита на податоците на интернет
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.