dk2-hero

Денеска Facebook и Mark Zuckerberg објавија дека имаат постигнато договор за купување на Oculus VR, компанијата позната по развојот на Oculus Rift, уред за виртуелна реалност кој што се поставува на главата на корисникот (headset). Зделката е со вредност од 2 милијарди долари, односно 400 милиони во готово, додека остатокот ќе биде исплатен во форма на 23,1 милион обични акции од Facebook, проценети според просечната нивна вредност во последните 20 дена на 1,6 милијарди долари.

Нашата мисија е да го направиме светот повеќе отворен и поврзан. Во изминатите неколку години, ова во главно значеше развој на мобилни апликации кои што ви помагаат да споделувате со луѓето кои што ви значат. Имаме многу повеќе да работиме на мобилните платформи, но во овој момент сметаме дека сме во позиција каде што можеме да почнеме да се фокусираме на наредните платформи кои што ќе овозможат покорисно, забавно и лично искуство – Mark Zuckerberg

Тој исто така истакнува дека тие ќе продолжат да ја развиваат оваа платформа за играње на игри, меѓутоа тоа е само првиот чекор. Facebook планира многу повеќе со оваа платформа.

Ова е само почетокот. После игрите, ние ќе го направиме Oculus платформа за многу други искуства. Замислете како уживате во седишта до теренот на натпревар, учење во училница со студенти и учители од секаде во светот или да се консултирате со доктор лице во лице само со ставање на очила во вашиот дом.

Oculus Rift е производ во развој кој што преку два екрани овозможува посебна HD слика за двете очи и заедно со 3D ефекти, следење на движењето на главата и додатна технологија користена, ви овозможуваат чувство на присутност на местото кое што го гледате. Ваков тип на технологија претстави и Sony овој месец преку нивниот Project Morpheus, па тоа покажува дека технологијата е само на почетокот и тек ќе се развива.

Извор: Engadget, Mark Zuckerberg Facebook, Facebook Newsroom

Претходна статијаApple тестира нов систем за предложување на апликации во App Store
Следна статијаGoogle API алатки издадени за .NET, полесно поврзување со нивните сервиси на Windows платформите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.