go-android-screens

Go е нова македонска апликација наменета за откривање на случувањата околу вас. Со други зборови апликацијата овозможува преглед на настани, како и места кои што се во вашата близина. Со тоа добивате една централизирано место каде што можете да го организирате вашето излегување, каде и да се наоѓате.

Една од главните карактеристики на апликацијата е и популарната можност за чекирање на местата каде што се наоѓате, заедно со поставување на слики и коментари. Тоа на корисниците им овозможува алтернативна апликација од веќе познатите Swarm и Foursquare, со можеби една голема предност, сите функции се во една апликација, нешто за што Foursquare доби доста критики.

Апликацијата е со модерен кориснички интерфејс кој што ги следи новите Material правила. Користењето е едноставно, а самата апликација е поделена на неколку табови кои што ги прикажуваат местата каде што се чекирани пријателите, настаните во близина, местата во близина, како и предлози за нови пријатели и преглед на луѓе во близина.

Go е достапна за корисниците на Android и можете да ја симнете преку Play Store или преку следниот линк.

go-qr-android

 

Претходна статијаЗа прв пат забележани градбените честички на планетите
Следна статијаБлагодарение на новостите во понудата, Xerox го забрзува растот на приходите на овластените партнери