CROPPED greaves_pebbles_artists

Според досегашната доминантна теорија, планетите како Земјата, Марс и другите се создаваат со тоа што огромни облаци од минијатурни честички кои биле исфрлени од ѕвездата поради ротација или удар со некое тело, а во меѓувреме се изладиле и стврднале, со текот на времето и меѓусебното гравитациско привлекување се спојуваат во поголеми објекти. Ваквиот процес прво создава камења и карпи, па објекти големи колку згради, брда и планини, кои на крајот се спојуваат во тела од планетарна големина.

Досега ваквиот процес не беше забележан од прва рака бидејќи е многу тешко истото да се направи – планетите во сончевиот систем се веќе горе-доле изградени и ваквиот процес е завршен (освен веројатно за астероидниот и Кајперовиот појас). Сега научниците беа во можност за прв пат да ги забележат градбените честички на планетите во друг планетарен систем, DG Tauri.

Се работи за ѕвезда оддалечена 450 светлосни години која е стара само 2,5 милиони години (што значи, се` уште е во процес на дефиниција). Околу нејзе беше забележан огромен појас составен од минијатурни објекти малку поголеми од 1 цм, кои полека се спојуваат и веројатно во иднината ќе формираат нови планетоиди или нивни сателити. Малечките зрна се простираат на простор од стотици милиони километри околу ѕвездата, во две посебни ленти на различна страна од истата.

Ваквиот наод кој за прв пат дава потврдни докази кон досегашната теорија беше добиен со е-Merlin телескопот, кој се користи за испитување на други планетарни и ѕвездени системи.

Извор: IFLScience, ScienceDaily

Претходна статијаSaent – Indiegogo проект за подобрување на ефикасноста и фокусот во дигиталниот свет
Следна статијаGo – Android апликација за откривање на места и настани