Првпат најавена пред две години, новата EA апликација за PC излегува од бета тестирање и официјално им станува достапна на корисниците како замена за Origin апликацијата. Од компанијата истакнуваат дека корисниците на Origin ќе можат лесно да ја направат миграцијата на новата апликација, задржувајќи ги сите игри и содржина во новата апликација.

EA апликацијата на корисниците ќе им ги овозможи во основа истите функции како Origin апликацијата, само со освежен изглед и подобрено корисничко искуство. Корисниците ќе можат да пронаоѓаат игри, автоматски да ги симнуваат и ажурираат во позадина, а исто така ќе можат да креираат и листи со пријатели поврзувајќи ја својата EA сметка со Steam, Xbox и PlayStation.

Новата апликација во овој период не е достапна и за корисниците на Mac, па тие остануваат на Origin. Сепак, кога ќе се земе во предвид дека повеќето игри се играат на PC, ова и не е некој посебен проблем, а од EA ќе ја пуштат својата нова апликација на Mac во иднина.

ИЗВОРEA
Претходна статијаMeta откри повеќе од 400 апликации на Android и iOS кои ги крадат информациите за најавување на корисниците на Facebook
Следна статијаSignal тестира Stories во бета верзијата од нивната апликација
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.