Фото: Shutterstock.com

Meta објавија дека имаат откриено повеќе од 400 апликации во Play Store на Android и App Store на iOS кои ги крадат информациите за најава на корисниците на Facebook. Овие апликации се специјално развиени за оваа намена и во основа ги крадат корисничкото име и лозинката за Facebook на корисниците, по што добиваат целосен пристап до нивните сметки, приватните информации, а може да испраќаат и пораки до нивните пријатели.

Начинот на којшто тие го прават ова е преку барање од корисниците да се најават на нивната Facebook сметка со цел да добијат пристап до повеќе функции на апликациите. Барањето за најава со Facebook сметката е нешто што се користи од легитимни апликации, па јасно е зошто некои корисници може да бидат измамени на овој начин.

Апликациите кои се откриени од страна на Meta вклучувале апликации како: едитори на фотографии, VPN апликации, апликации за осветлување, игри, хороскоп апликации и фитнес апликации, како и бизнис апликации кои тврделе дека овозможуваат функции кои не се достапни кај други познати апликации.

Од Meta истакнуваат дека тие ги имаат пријавено нивните открија кај Google и Apple, како и кај безбедносни компании и креаторите на политики со цел да се намали појавата на ваквите апликации.

Во продавниците за апликации, програмерите зад ваквите апликации имаат ставано лажни позитивни коментари и оценки со цел апликациите да изгледаат легитимно, како и да се тргнат негативните коментари. Исто така, апликациите се направени целосно функционално, па корисниците имале уште помала причина да се посомневаат во нив.

Meta ги советува корисниците како да препознаат сомнителни апликации, па истакнуваат дека легитимните апликации никогаш не бараат најавување со Facebook за да може да функционираат. Исто така додаваат дека треба да се проверува бројот на симнувања на апликациите, како и оценките и коментарите, а и дали апликацијата ги нуди ветените функции.

Од компанијата ги имаат информирано корисниците кои се имаат најавено со овие апликации за да можат да ги променат своите лозинки.  

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаНовите уреди наменети за Samsung паметната кујна од сега се достапни во Македонија
Следна статијаEA ја пушти својата нова и подобрена апликација за PC која ја заменува сегашната Origin
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.