Првично најавена во 2021, а минатата година пуштена стандардно за сите корисници на Windows, macOS и Linux, функцијата Total Cookie Protection сега им станува достапна и на Android корисниците.

Total Cookie Protection е функција која е тука да ја заштити приватноста на корисниците, поточно можноста за нивно следење низ различните страни кои ги отвораат. Тоа го постигнува преку ограничување на „колачињата“ кои ги има на една веб страна на таа веб страна, со што се трга можноста за следење помеѓу веб страните.

Ова секако не секогаш е позитивно како што организациите како Mozilla сакаат да го претстават, односно се согласуваме дека целосното следење на повеќе детали од корисниците може да биде злоупотребено, но целосното па блокирање овозможува да биде загрозена бесплатната природа на интернетот.

Како и да е, оваа заштита сега им е достапна и на корисниците на Android, со истите функции кои беа достапни досега само на десктоп. Останува уште само верзијата за iOS, но ќе видиме колкав е приоритетот на Mozilla за оваа платформа која има свои посебни заштити од следење.

ИЗВОРMozilla
ИЗВОР 2XDA-Developers
Претходна статијаGoogle ја најави интеграцијата на вештачката интелигенција во Workspace апликациите
Следна статијаGalaxy Watch6 Pro ќе ја врати ротирачката рамка која многу корисници ја бараат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.