Фото: Google

По информациите дека во Google дошло до одредена „паника“ поради претставувањето на новиот Bing, па најавата на конкурентот од компанијата Bard, сега гледаме најава на дополнителна интеграција на вештачката интелигенција во сервисите.

Овој пат Google се нешто побрзи од Microsoft, па тие први презентираат генеративна вештачка интелигенција во нивниот Workspace пакет, а се очекува наскоро истото да го направат и Microsoft во Microsoft 365, по старо Office.

Google најави дека за почеток многу мал број на корисници ќе добијат пристап до новите функции, а со тек на време достапноста ќе се проширува додека не им стане достапна на сите корисници.

Исто така, во оваа фаза нови функции добиваат Gmail и Docs, а подоцна ќе се приклучат и другите апликации, односно Slides, Sheets, Meet и Chat.

„Празните страници можат да ги разочараат најдобрите од нас. Затоа ја вградуваме генеративната вештачка интелигенција во Docs и Gmail за да им помогнеме на луѓето да почнат да пишуваат. Без разлика дали сте зафатен професионалец за човечки ресурси кој треба да креира приспособени описи на работните места или родител што ја подготвува поканата за роденденската забава на вашето дете со пиратски теми, Workspace ви заштедува време и напор за пишување на првата верзија. Едноставно напишете тема за која сакате да пишувате и веднаш ќе се генерира нацрт за вас. Со вашиот партнер за соработка со вештачка интелигенција, можете да продолжите да усовршувате и уредувате, добивајќи повеќе предлози по потреба.“ – објаснуваат од Google.

Во основа, Docs и Gmail ја добиваат можност да целосно креираат нова содржина врз основа на насоките од корисникот. Како и кај конкурентите, корисниците ќе можат да изберат каков стил да има содржината.

Во другите апликации може да се очекуваат функции како автоматско генерирање на слики, аудио и видео во Slides, генерирање на позадини во Meet и слично.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаMicrosoft Teams ќе овозможи прикажување на „аватар“ од корисникот во видео повиците
Следна статијаTotal Cookie Protection стана достапна на Android верзијата од Firefox
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.