Неколку пати до сега можевме да прочитаме дека Samsung на нивниот Unpacked настан идната недела во Сан Франциско, покрај главните уреди, Galaxy S10, ќе претстави и уште неколку други.
Другите уреди се во категоријата на уреди за носење, односно „wearables“, па се очекуваше претставување на нов паметен часовник наменет за спортски активности, како и безжични слушалки.
Со надградбата на Android апликацијата Galaxy Wearable, Samsung „случајно“ ги прикажа новите уреди коишто ќе ги претстави.
Се работи за претходно претпоставуваните уреди, Galaxy Watch Active, Galaxy Buds, но и уште два паметни часовници, односно паметни спортски алки, Galaxy Fit и Fit e.
Galaxy Watch Active, во основа ја продолжува практиката на Samsung да има и спортска верзија од својот часовник кој почна да го користи Galaxy Watch брендот, наместо Gear.
Слушалките се нов производ од компанијата за кои се што знаеме досега е дека ќе можат да се полнат безжично од Galaxy S10 уреди, а со тоа и добивме уште една информација за функциите кај новите телефони.