Airbus A380 беше претставен пред нешто повеќе од 10 години и веднаш го привлече вниманието на љубителите на авиони. Ова е најголемиот патнички авион којшто може да пренесе околу 850 патници.

Неговата големина не е единствената работа која што привлекува внимание. Тој е направен со најновата достапна технологија, а за одредени работи било потребно и „креативно“ размислување и откривање на нови решенија.

Направени се повеќе документарци за овој авион, а сигурно најинтересно од сите видеа кои може да се видат се посебните „соби“ во прва класа кои доаѓаат со голем простор за патникот, удобно седиште, кревет, маса, телевизор и слично.

Сепак, овој авион се покажува како доста неефикасен. Неговото одржување е поскапо, а исто така и потрошувачката на гориво, а посебно во споредба со некои од конкурентните авиони кои се решија да не одат со толку големи дизајни.

Еден од најголемите клиенти на Airbus кога е во прашање A380 е авио компанијата Emirates. Тие го намалија бројот на нарачани A380 авиони, па со тоа Airbus реши дека ќе го прекине производството и понудата на други компании.

Од компанијата истакнуваат дека ќе продолжат со производство до 2021 кога и би требало да се довршат сите нарачани модели, по што веќе нема да го произведуваат авионот.

Овој авион сепак ќе продолжи да биде во функција уште многу години. Тие што се веќе во функција ќе продолжат да летаат, а од Airbus ќе ја овозможуваат потребната поддршка.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаSamsung пред време ги прикажа новите уреди кои ќе ги претстави заедно со Galaxy S10
Следна статијаЗошто упорно ја саботираме сопствената среќа (sunk-cost fallacy)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.