Тајванската MediaTek минатата година, може да се каже дека до некаде изненади со претставувањето на нивниот чип од највисоката класа Dimensity 9000. Чиповите од MediaTek, иако ги гледаме во доста уреди, сепак никогаш не можеа да се носат со конкуренцијата кај уредите од највисоката класа, кои во главно работат на Snapdragon.

Dimensity 9000 е направен со истите карактеристики како Snapdragon 8 Gen 1 и Exynos 2200, односно во себе ги користи најновите дизајни за процесори со новата armv9 архитектура со едно Cortex-X2 јадро, како и Cortex-A710 и Cortex-A510. Ова на хартија го стави Dimensity 9000 на ниво со конкурентите, кои тогаш уште ги немаат претставено своите нови чипови, но се знаеше дека ќе биде нешто слично.

Иако уште не може да се направат реални споредби, мора на пазарот да излезат телефони кои работат на овие чипови, сепак првичните неофицијални тестови кои се објавуваат, го ставаат MediaTek Dimensity 9000 на првото место на Android пазарот, односно на второто зад Apple.

Резултатите од Geekbench 5 ги објавува познатиот Ice universe и според тоа што може да се види Dimensity 9000 има подобар резултат, иако не за многу, од двата конкуренти Snapdragon 8 Gen 1 и Exynos 2200 во резултатите за едно јадро.

Разликата е уште поголема во резултатите за повеќе јадра, а Dimensity 9000 во овој дел дури се приближува до A15 од Apple, иако овој чип сепак има големо водство на пазарот над сите.

Ако овие резултати се покажат како меродавни подоцна кога ќе ги видиме овие чипови кај официјални уреди на пазарот, може да се каже дека добиваме уште еден сериозен конкурент кој сигурно ќе ги мотивира Qualcomm и Samsung да се подобрат идната година.

ИЗВОРGSMArena
Претходна статијаНовата и унифицирана Outlook апликација може да се очекува да почне јавно да се тестира од оваа пролет
Следна статијаWizz Air инсталираше трет симулатор за целосен лет во центарот за обука во Будимпешта
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.