MediaTek го претстави досега можеби својот најдобар чип кој конечно би требало сериозно да им конкурира на останатите на пазарот, поточно Qualcomm. Dimensity 9000 е новиот чип кој е направен на новини кои тек ќе ги видиме кај конкурентите во периодот што следи.

Чипот е прв во моментов кој е направен на 4nm процес од TSMC, а исто така е и прв кој ја користи новата v9 архитектура од ARM. Тоа значи дека чипот работи со новото Cortex-X2 јадро кое е замислено за најсилните задачи на уредот, а има уште три Cortex-A710 јадра за исто така посилни задачи и уште четири Cortex-A510 јадра за заштеда на енергија.

Cortex-X2 јадрото работи до 3,05GHz, Cortex-A710 do 2,85GHz, додека Cortex-A510 до 1,8GHz.

Со Dimensity 9000 доаѓа и Mali-G710 графичкиот процесор од ARM, а тука е и петтата генерација од процесорот на MediaTek за вештачка интелигенција, односно машинско учење.

Чипот може да поддржи уреди со камера до 320 мегапиксели, но секако ова е само бројка која ја покажува моќта на чипот, но нема да видиме уреди со толкав сензор. Иако Dimensity 9000 доаѓа со вграден модем за 5G, тој сепак не го поддржува mmWave стандардот, кој сепак е поважен за во САД.

Како ќе се покаже овој најнов чип од MediaTek во споредба со конкуренцијата, останува да видиме во периодот што следи. Qualcomm се очекува да го претстави својот Snapdragon 898 до крајот на месецот, а ќе видиме и што ќе донесе на пазарот Samsung со нивниот Exynos 2200.

ИЗВОРGizmodo
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаАЕТМ ќе гради регионална платформа „Е-трговија за сите“ со поддршка од GIZ
Следна статијаФИТР за прв пат инвестира во иновациска инфраструктура преку финансирање на три лаборатории за производство „FAB LABS – Младите создаваат”
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.